Комисијата за 24 декември денеска ја утврди динамиката на работа, според која следните 20 дена секојдневно ќе се состанува за да ги прегледа документацијата и изјавите од Собранието и од пратениците кои за неколку дена треба да ги достават до Комисијата.
-За тоа има консензус и разбирање, вели првиот човек на Комисијата Борче Давитковски, кој според договореното, ќе ги дава изјавите во име на Комисијата. Според него наскоро ќе има договор дали одлуките ќе се носат со консензус или со мнозинство.
Давитковски соопшти и дека е дојдено и до 15 член од деловникот за работа, според кој се предвидува мониторинг, од Еу или набљудувачи, па треба да се предвиди кои права би ги имале тие.
Според динамиката на работа, се очекува да се запази рокот од два месеца за Извештај за настаните од 24 декември минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Изборот на составот на ДИК и референдумот неизвесни?
-
Комисијата за конкурсот „Млади поети“ на АМС се оградува од содржината во збирката
-
Планинарската федерација формира комисија, ќе го испитува инцидентот во кој загинаа двајцата планинари
-
Алфа: Чепреганов, Ѓорѓиев, Тодоров, Стојанов – дел од бугарско-македонската комисија за чешлање на нашата историја


