Алфа ТВ ексклузивно дознава дека веќе се екипираат македонски историчари кои ќе работат заедно со бугарските колеги на чешлање и чистење на македонските учебници по историја.
Според информациите на Алфа, најверојатно членови на тимот ќе бидат неколку имиња на историчари од Институтот за национална историја чии имиња се многу малку познати за јавноста.
Станува збор за Драги Ѓоргиев, назначен најверојатно за претседател, Дарко Стојанов, Петар Тодоров.
Од за јавноста познати имиња се историчарот Тодор Чепреганов, кој според информациите одбил да учествува во комисијата.
Меѓу нив најзвучно е името на историчарот Ванчо Ѓорѓиев, кој сеуште не дал одговор дали ќе биде дел или не од оваа комисија.
Избори за Алфа велат дека уште неколку историчари се во игра, но за оние со поголемо искуство меѓу предложените целата стратегија за правење комсија е сомнителна, и не веруваат во крајната цел за нејзиното постоење.
Со други зборови, идејата е меѓу членовите да има неколку еминентни историчари кои би дале кредибилитет на комсијата за чистење на учебниците, заради тоа како што дознава Алфа дел од авторитетните историчари можно е да го одбијат учеството оти не сакаат да бидат дел од задкулисните планови на бугарско-македонскиот договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.