| четврток, 6 декември 2018 |

Давитковски: Комисијата ќе го запази рокот за Извештај

комисија 24Комисијата за 24 декември денеска ја утврди динамиката на работа, според која следните 20 дена секојдневно ќе се состанува за да ги прегледа документацијата и изјавите од Собранието и од пратениците кои за неколку дена треба да ги достават до Комисијата.

-За тоа има консензус и разбирање, вели првиот човек на Комисијата Борче Давитковски, кој според договореното, ќе ги дава изјавите во име на Комисијата. Според него наскоро ќе има договор дали одлуките ќе се носат со консензус или со мнозинство.

Давитковски соопшти и дека е дојдено и до 15 член од деловникот за работа, според кој се предвидува мониторинг, од Еу или набљудувачи, па треба да се предвиди кои права би ги имале тие.

Според динамиката на работа, се очекува да се запази рокот од два месеца за Извештај за настаните од 24 декември минатата година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top