Воз удри во воен камион во финскиот град Рaсеборг на југот на земјата. Локалните медиуми пишуваат дека во тешката несреќа има мртви и повредени.
Според извештаите на финската полиција настрадале тројца регрути, а четвртиот настрадан е патник од возот.
Според западните медиуми, тешката несреќа се случила на југот на Финска, а тамошната агенција ФБН наведува дека загинале најмалку четири лица, додека осум луѓе се повредени. Тие се пренесени во болница во Рaсеборг, кој се наоѓа на околу 85 километри од престолнината Хелсинки.
Финскиот министер за одбрана, Јуси Нинисто на својот Твитер профил напиша дека денот му почнал со црни вести и оти му е многу жал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.