Градот Белпуџ во шпанскиот регион Каталонија синоќа соопшти дека прогласи независност на Каталонија од Шпанија.
Иако советите на поголем број други градови и села донесоа слични декларации, советот во Белпуџ се смета дека е првиот што се реши на таков чекор, кој доаѓа во период на засилени тензии меѓу властите во Мадрид и Барселона околу следните чекори.
– Белпуџ е првиот град каде е прогласена независноста, соопшти каталонската телевизија 324. Градскиот совет наздрави со шампањско по прогласувањето на независна Каталонија.
Градчето се наоѓа стотина километри западно од Барселона и се приклучи на кампањата која се организира низ цела Каталонија, каде градските совети се повикани да гласаат за независност. Каталонскиот Парламент треба да се состане вечерва, при што ќе се обрати претседателот на Владата, Карлес Пуџдемон, од кого се очекува да ги најави натамошните чекори кон планираното отцепување од Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.