Експлозијата на бомба која била монтирана под автомобилот кој го изнајмила Дафне Каруана Галиција (53), најпознатата малтешка истражувачка новинарка која беше убиена пред 9 дена, одекнала толку силно што на форензичарите им требале цели 4 дена за да ги соберат остатоците од нејзиното тело и од возилото. Потрагата по сторителите сигурно ќе трае многу долго, ако и воопшто некогаш заврши со апсење.
Во најмалата, но економски најбрзо растечката економија во ЕУ – Малта, во последниве две години се случиле дури 6 вакви ликвидации. Иако на мета во претходните пет не биле новинари, ниту еден од случаите се уште не е решен. Многумина се сомневаат дека и во последниов нешто ќе биде поинаку.
Остра на јазик
Последната жртва во ликвидациите на Малта имала многу непријатели. На својот блог Дафне критикувала многумина – од членовите на владеачката партија, лидерот на опозицијата до најмоќното азербеџанско семејство, кинески банкари и корисници на оф-шор оазите како Панама.
Во нејзините критики била пикантна, немилосрдна, не штедејќи ги оние на мета до таа мера што нејзините непријатели, според некои информации, славеле за нејзината смрт. И покрај се, цела Малта е во шок по овој случај и се бараат одговори.
Граѓаните викендов излегле на протест барајќи правда и промени на правниот систем, а на неколку места можеле да се забележат транспаренти со написот „Мафијашка држава“.
Европската Панама
– Тука има криминалци каде и да се срвтите. Ситуацијата е очајна, го завршила убиената новинарка својот последен текст објавен на нејзиниот блог околу половина час пред да влезе во автомобилот во кој биле ликвидирана.
За многумина Малта е посакувана дестинација за живот, па голем дел од младите на Балканот се решаваат токму таму да се ја пробаат среќата. Развиениот туризам во текот на целата години нуди многу работни места, платите се солидни, а трошоците за живот се далеку под европскиот просек. Бројот на туристи годишно е околу 900 000. Малтешката економија е во голем пораст по кризата во Кипар 2013 година, а островот стана оаза на ниски даноци, па затоа го нарекуваат „европската Панама“.
Сиуацијата воопшто не е така розова
Кристијан Перегин, основач на посталот „Lovin Malta“ тврди дека убиството на новинарката само ја открило реалноста.
– Иако со положба помеѓу јужна Европа и Северна Африка, во Малта најмногу се збортува Англиски, но и малтешки, кој е мешавина од арапски и италијански јазик. Нашата национална слика секогаш ќе биде помешу тие два света, вели Перегин.
Според него, таа двојна природа помогнала да се загрее политичкиот судир помеѓу двете најголеми партии. Убиената новинарка му порачала на некогашниот прв човек на Лабуристите да „скапе во пеколот“, додека еден од нечалниците на полицијата кој Дафне Каруана Галиција го обвинила во своите текстови за пијанчење и дека бил чест посетител на места каде се дава „танц во скут“, Рамон Мисфуд, на Фејсбук веста за нејзината смрт ја искоментирал со зборовите – „Секој го добива тоа што го заслужува, ѓубре“.
(извор – Јутарњи.хр)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Месечно заработувам по 6 српски плати: Нишлијка оставила се и заминала на Малта!
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија