Во последно време се погласно се слушаат од многу страни пораки упатени што директно, што индиректно, дека нашата партија нема право да има градоначалник во Македонија и како тоа ние сме се осудиле и осудуваме да бараме подршка за нашиот кандидат за градоначалник на општина Старо Нагоричане. Како тоа Србите и помислиле дека може и треба да имаат свој градоначалник, иако тоа и досега се случувало и се случува во соработка со македонски партии, пишува Иван Стоиљковиќ претседател на српската партија во Македонија.
– Што е целта на таквиот пристап? Зошто државата со насилни и крајно непримерени методи и средства, надвор од законските рамки сака да им је одземе на Србите во Македонија и последната институционална рамка и столб за зачувување на националните особености, и српската култура, духовност и традиција во Македонија? Или можеби намерата за уставна прекомпозиција на Македонија, покрај отворениот антисрбизам на новата власт е вистинскиот мотив за ваквото однесување, прашува тој.
Претседателот на српската партија во Македонија вели дека под релевантна адреса не го подразбира ОБСЕ.
– Под релевантни адреси не ја подразбирам ОБСЕ, затоа што и покрај нивното ветување дека ќе има осуда од нивна страна за недозволените активности на државните органи за случаи кои со докази им ги презентиравме, осудата изостана. Нашето повторно барање до ОБСЕ, да инсистираат кај надлешните органи да го сведат полицијското присуство во Општината само на сили за одржување на јавниот ред и мир, на крајно бесрамен начин беше премолчано. Значи баравме и бараме, само фер и демократски изборни услови, никакви посебни попусти и погодности. Со своето однесување ОБСЕ го покажа своето грдо и остарено лице, на организација без принципи и залез на своето постоење. ОБСЕ на крајно непринципиелен и некоректен начин се стави во улога на чувар и заштитник на изборниот криминал. Со кои побуди времето ќе покаже, пишува Стоиљковиќ.
Тој вели дека не би коментирал околу учеството на некои српски организации во овој проценс на бришењето или рушењето на институционалните рамки на екгзистенција на српскиот народ во Македонија.
– Но сепак би потсетил, изгубена е Агенцијата за правата на заедниците, некои од нив сега се ангажирани на недемократско преземање на Општината од страна на СДСМ, следи соучеснисништво во укинување на Законот за празници, мислам првенствено на Свети Сава како национален ден на Србите во Македонија и соучество во власт која ја предводи најцрната антисрпска кампања во Македонија, напиша Стоиљковиќ.
Тој вели дека голем број од неговите сонародници до крај не ги разбраа политичките нијанси во борбата за опстанок, за среќа не сите.
– Но јас сигурно не претендирам никому да му го пропишувам неговото мислење, само сметам и тоа јавно го соопштувам дека духовно и егзистенцијално, не само политички, одредени активности се повеќе од самоубиствени.Уште полошо: истите може погубно да се одразат на и на идните односи помеѓу Република Србија и Република Македонија. Во недела се оди во вториот круг гласање. Го повикувам Србите да гласаат по совеста. Да, совеста ќе биде сосема доволна, пишува Стоиљковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.