На 26 октомври, во 19 часот, во Уметничка Галерија Тетово ќе може да го проследите проектот под наслов “Language of the Wall / Јазикот на ѕидот” на академските сликари Страхил Петровски и Ивона Тричковска…
Проектот се реализира во НУ Уметничка Галерија Тетово во рамките на Манифестацијата “Нов културен бран”, подржан од Министерството за култура, претставува просторна инсталација инспирирана од т.н. улична уметност (street art) со која што ќе се преобликува галерискиот простор на историскиот објект, Стариот амам во Тетово, во еден модерен, урбан контекст преку апликација на калиграфски знаци – графити -мурали.
Во дадениот контекст, со претходно насликаните калиграфски знаци – графити – мурали на платно од страна на авторите на проектот ќе бидат обложени ѕидовите на амамот – како контраст на старите архитектурални елементи на објектот, а со цел да се доближи “природниот“ носач (ѕидот) на кој се изведува оваа уметност, задржувајќи ја нејзината оригинална монументална форма. Инсталацијата (во една од салите на амамот) ќе биде осветлена со “blacklight” неонки, притоа создавајќи алтернативен визуелен амбиент.
Поставката има за цел да ѝ презентира на локалната публика еден понаков галериски проект / концепт, да ја запознае со новите трендови во уметноста и воедно да ги разбие традиционалните поимања за тоа што е уметност и како различните, контрасни елементи на традиционалните уметнички вредности и новите урбани алтернативни насоки во уметноста можат да создадат поинаква перцепција кај гледачот која ќе поттикне нови, инспиративни и креативни размислувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?