Граѓаните ја ценат мојата работа, на 50 илјади пациенти имам помогнато во овој град, на 50 илјади граѓани сум им влегол во својот дом и двор за да ги ислушам, а 25 илјади граѓани биле во мојот кабинет и секојдневно тие биле примани и тоа го ценат граѓаните и затоа ќе ми ја дадат поддршката во вториот круг, ова денеска на средба со граѓаните на Штип го истакна кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илчо Захариев.
– Нема сила што ќе го спречи штипскиот народ да го даде гласот за нас, за тие што сме вредни, посветени и работливи и да ги казни сите оние кои ни спремаа погребни опела оваа изборна кампања, кои ширеа црна кампања против мене, моите деца и фамилија, нашата партија и раководството на партијата. Штипјани кој ме познаваат дај те го гласот за бројот 13 на 29 октомври и да победиме со нови дела, нема да застанам во понеделник на 30 веднаш започнуваме со работа, а Штип ќе биде најмодерниот град во Македонија, истакна Захариев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.