Вчера во 15.00 часот на Меѓународниот кружен натпревар во автомобилизам „СКОПЈЕ 2017“ што се одржа на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје, се случи сообраќајна незгода во која учесникот У.Б. (30) од Белград, Република Србија, управувајќи патничко возило „Хонда Цивик“, изгубил контрола над возилото, по што со предниот десен дел удрил во десниот рабник од булеварот, излегол на десната страна надвор од коловозот, по што удрил во лицето А.Д. (58) од Скопје.
Откако удрило во А.Д., возилото удрило во метална канделабра за осветлување на коловозот, како и во поставено рекламно пано. На местото на несреќата бил и М.Б. (32) од Белград, Република Србија. Тој, кога забележал дека возилото „Хонда Цивик“ излегло надвор од коловозот, за да избегне удар од возилото се фрлил во тревата.
По барање на нивни роднини, сите тројца биле пренесени во приватна болница за понатамошно укажување лекарска помош. Поради природата на повредите, А.Д. бил задржан на понатамошно лекување на Одделението за интезивно лекување, а У.Б. по укажаната лекарска помош бил задржан на понатамошно лекување во болницата, а М.Б. бил пуштен на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител, од возачот У.Б. била земена крв за анализа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


