Кандидатот на СДСМ за градоначалник за општина Гази Баба, Борче Георгиевски, фалсификувал службен документ за лице кое поминува низ полициската евиденција за трговија со дрога. Лицето за кое Георгиевски фалсификувал документ e Љ. Ахмет, со што тој го прекршил законот и извршил кривично дело од чл.379 ст.1, од Кривичниот законик, дело за кое е предвидена казна затвор до 5 години, за што му била поднесена и соодветна кривична пријава. Лицето за кое Георгиевски фалсификувал документ е дел од полициската евиденција и се терети за трговија со дрога, физички инциденти и насилство, јавува порталот Денешен.
Против Георгиевски била поднесена пријава, а не се знае дали има и правна разрешница. Според информациите кои ги објави Денешен, Георгиевски кривичното дело фалсификување го извршил во 1998 година, по што била поведена постапка против него.
Според порталот, жителите на Гази Баба како кандидат за градоначалник имаат пред себе лице кое е прекршител на законите и извршител на кривични дела, во полза на криминалци од подземјето, што е и документирано, и за што има и кривична пријава. Дали има и други вакви случаи во кои Георгиевски е замешан останува неоткриено. Останува нејасно и дали Георгиевски за ваквата работа добил надомест или друго ветување.
Денешен пишува и дека Георгиевски беше чест посетител на протестите на т.н. Шарената револуција која демолираше државни објекти низ центарот на Скопје и нанесе штета од неколку стотици илјади евра, која беше покриена од парите на граѓаните. Познато е дека семејството на Георгиевски за краток период се распореди на функции. Борче Георгиевски е кандидат за градоначалник, неговиот брат, Бранко Георгиевски, е избран за советник во Град Скопје од СДСМ, а неговата сопруга и ветиле директорско место во едно од училиштата во Гази Баба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.