| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на 18 годишната битолчанка која загина на патот Прилеп-Битола

Осумнаесет годишната битолчанка К.Ј. го загуби животот, а сопатничката М.К.О. е пренесена во битолската Клиничка болница по денешната тешка сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот патен правец Битола-Прилеп.

Лефтерија Миленковска, портпарол на СВР-Битола информира дека сообраќајката се случила претпладнево во 11:25 часот во непосредна близина на селото Тополчани кога патничко моторно возило со битолски регистарски таблици „Фиат Брава“ излетало од патот.

– Во возилото биле две женски лица. Возилото било управувано од М.К.О. која по несреќата е пренесена во Битолската клиничка болница, додека нејзината сопатничка К.Ј. (18 г.) починала на местото на несреќата. Увидот на полициски служби од Полициската станица-Прилеп е во тек, а заедно со нив увид врши и јавен обвинител, потврди Миленковска.

Поради сообраќајката, сообраќајот на магистралниот пат Прилеп-Битола кај с.Тополчани од 11:30 часот се пренасочува по стариот пат, информира АМСМ. На правецот Битола-Прилеп, пак, сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Детали за сообраќајката не се соопштени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top