Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 17.15 часот на магистралниот пат Прилеп-Битола, кај местото викано Лагово.
Судирот се случил помеѓу автомобил „фолксваген пасат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Г. (31) од битолското с.Трн и „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ц.Н. (58) од Прилеп.
Во незгодата на самото место починала 55-годишната Д.Н. од Прилеп, сопатничка во „опелот“, чиј возач, пак, Ц.Н. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клинички центар Скопје.
Сопатниците во другиот автомовил, Д.Г. (59) и Т.Г. (67), двајцата од с.Трн, биле пренесени во Медицинскиот центар Прилеп и се надвор од животна опасност.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица Прилеп.
Сообракајот од 17.15 до 19.50 часот бил во прекин во двата правци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.