| четврток, 6 декември 2018 |

Затворен патот Прилеп-Битола-Ресен

Сообраќајот на патниот правец  А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и се пренасочува преку градот Битола, информира АМСМ.

Состојбата низ Македонија се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места во западниот и југозападниот дел наместа со остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на „Македонија пат“.

Врнежи од снег со слаб интензитет  се бележат во Битола, Железнец и на планинските премини Буково и Ѓавато.

Намалена видливост поради појава на магла од 150 – 200 метри има на патниот правец Гостивар – планински премин Стража и до 70 метри на планинскиот премин Плетвар.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од држават

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top