Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски гостуваше во специјалното издание на ТВ-магазинот „Седмица“ на телевизија Алфа. Во разговорот се осврна на изборните резултати и политичката состојба во дражавата во моментов. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори влезе како фаворит и многумина се прашуваат што се случи. Според Груевски се случија две работи: првата работа е страшен терор, уцени, закани, заплашувања и многу поткуп на гласачите од страна на актуелната власт од досега невидени размери.
–Имавме убиен човек во изборите, актуелен градоначалник и кандидат со скршен череп, искршени изборни штабови. Кога се случува сето ова можете да замислите што си помислуваат луѓето. Изборите не доликуваа како да се во Африка, а камо ли во Македонија. Се фалеа со пиштоли, а коментираа за флешери на автомобилот на Коневски кој му бил така доделен. Максимална употреба на сила, насилство, поткуп и заплашување што вроди со резултат, а тоа се одрази и со резултатот на изборите, истакна Груевски.
Груевски го искристи интервјуто во специјалното издание на „Седмица“ на ТВ Алфа за да му се обрати и на претседателот на владата Зоран Заев, упатувајќи му порака дека нема да го скрши духот на Македонецот.
–Тргнат е да ослободува лица кои убиле деца, има иницијативи Смилковско езеро беше дел од договорот на Тиранската платформа. Има најави, потврдено и од самиот Заев дека ќе ослободува криминалци, над 1.050 криминалци. Прават монтирани случаи, до кога, прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во гостувањето на ТВ Алфа.
–Нема да го скрши духот на Македонецот, нема да го скрши духот на овој граѓанин без разлика дали Груевски ќе е лидер на ВМРО-ДПМНЕ или не, дали Груевски ќе го стави тој во затвор или не. Што и да се случи сакам да му порачам дека нема да го скрши духот на Македонецот во оваа држава и нема да ги постигне своите валкани цели, потенцираше Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)