Колку и да не веруваш во Бог, тогаш кога ќе дознаеш дека член од семејството боледува од рак, го бараш под дрво и под камен за да се молиш да остане подолго дома! За болката, за загубата на неговата мајка, за секојдневната празнина, за љубовта и посветеноста раскажува Панчо во интервјуто на Мама365. Вели дека со лошата вест, се соочил со предизвикот да живее со шок, неверување, тага и лутина одеднаш.
– Бев оптимист како и секогаш во животот, но потајно знаев дека ситуацијата е многу лоша па остана само да се молам на Бога што подолго да сме заедно. Имав многу бес во мене. Цел свет ми беше виновен и бев толку лут на Бога што сега се срамам и се каам заради тоа. Тогаш сфатив дека требаше повеќе да ја почитувам и секој ден да и кажувам дека ја сакам! Не сакав да останам сам на овој свет иако одсекогаш сум се снаоѓал сам, дури и сум ја издржувал мајка ми кога не работела, не за џабе велат дека ЕДНА Е МАЈКА! Ми недостига секој ден! Се би дал само да можам да поразговарам со неа и да ја гушкам бар еден час, вели Панчо.
Солзите се одраз на големата тага. Кога душата е тажна, тогаш тие се одговор на целата болка. Плачат и мажи и жени, плачат и млади и стари. Плачел и Панчо на смртната постела на неговата мајка.
–Оптимист сум по природа, секогаш сум бил! За жал, мајка ми не беше, а во тие периоди и таква болест, духот и одлучноста се многу важен фактор! Изгледа дека беше уморна од животот, но не сакаше да ми признае за да не ме скрши. Беше голем човек и бескрајно сум горд на неа што ме израсна и воспита во човек каков што сум! На крај, во последните денови, кога се веќе мирисаше на неубавиот крај, ја фатив за рака додека бев кај неа во болница и за прв пат заплакав прашувајќи ја: Мамо, што ќе правам без тебе, те молам не ме оставај! Сме победиле многу работи заедно, знам дека ќе победиме и овојпат, нели сме тим? Таа само ме стисна за раката, ми се насмевна, онака мајчински како што само таа знаеше, секогаш смирено и позитивно и ми рече: Буци мој, па јас сум презадоволна од животот, доста ми е веќе, уморна сум! Горда сум на тебе и на сестра ти, среќна што имам вакви деца. Чувајте се вие, јас ќе се одморам и ќе ве гледам и чувам одозгора! Никогаш нема да се разделиме, секогаш ќе бидам со тебе, тоа ти го ветувам!
Кога ми го кажа, тоа не сакав да биде така, но секој нејзин збор остави длабока трага и лузна во моето срце и душа! Излегов од болницата и само знам дека седев во автомобилот можеби еден час не знаејќи каде сум, дали сонувам или се е тоа јаве…
Целото интервју ТУКА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.