Инфекцијата со коксаки вирус, позната уште како ,,болест на валкани раце”,е пронајдена и кај неколку дечиња сместени во градинката на спортскиот центар во Тетово. Но, во раководството смируваат дека состојбата не е аларманта и нема место за паника,оти освен овие случаи,во другите четири објекти нема заразени, објави телевизијата „Алфа“.
Денеска е извршена и превентивна дезинфекција од страна на ЦЈЗ. И лекарите смируваат дека ова е период на ширење воопшто на сите вируси, од кои најпогодени се дечињата и учениците, оти подолго време престојуваат во затворени простории.Сепак, треба внимателност и внесување на што повеќе витамини за зајакнување на имунитетот.
Инфекцијата со коксаки вирусот најчесто се јавува кај училишни деца и тинејџери, и условно може да се вброи во болест која настанува од валкани раце, оти тие се главен извор на преносител на вирусот.Симптомите се слични на настинка,а во некои случаи се јавува и осип по лицето, рацете и нозете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?