| четврток, 6 декември 2018 |

Тензично во ДИК: Закани, замолчување, одземање право на збор (ВИДЕО)

Низа нерегуларности го одбележаа првиот круг од локалните избори. И покрај фактите, документите, бројките и доказите за бројни неправилности, членовите на СДСМ во ДИК ги одбиваат сите приговори, без ниту еден аргумент.
Згора на тоа, тие не можат да ја сокријат нервозата што изборниот фалсификат излегува на површина и на очиглед на целата македонска јавност, па се слушат со лаги, клевети и дури се закануваат.

Се признава гласање забележано наместо со потпис, со коса црта. Се признава вакво гласање со црта како што треба да гласа човек кој не е писмен, наместо како што е правилно со отисок од прст и перниче. Се замижува пред помал или поголем број на гласачки ливчиња.

На Силвана Бонева, член на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ постојано и се ускратува правото на поставување на прашања, приговори и барање за разгледување на доказите.


Членот на ДИК од СДСМ, Игор Милев директно и се закани на Бонева, но тоа беше премолчено дури и од претседателот на ДИК, Чичаковски од СДСМ, кој го забрза процесот на гласање ПРОТИВ приговорот иако истиот имаше силна основа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top