| четврток, 6 декември 2018 |

Кака ќе се пензионира во Милан?

Некогашниот најдобар фудбалер во светот, Бразилецот Кака, може по трети пат да стане член на Милан. Toj би можел да ја заврши кариерата во црвено-црниот дрес, за потоа да ја преземе директорската функција во клубот, пренесуваат италијанските медиуми.

Бразилецот, кој пред неколку дена се опрости од Орландо и МЛС лигата, беше член на Милан од 2003 до 2009 година и со росонерите освои Лига на шампиони, Скудето, Клупско светско првенство и италијанскиот и европскиот Суперкуп.

Тој во Милан се врати во 2013 по четири години минати во Реал Мадрид. Кака е еден од четворицата фудбалери во историјата кој освоил Лига на шампиони, Светско првенство и Златна топка, заедно со Роналдињо, Ривалдо и Зинедин Зидан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top