| четврток, 6 декември 2018 |

Вакви работи се случуваат само во мафијашки држави-ЕУ ужасната од бруталното убиство

Политичари, новинари, аналитичари, “обични“ граѓани, приврзаници и критичари бргу го осудија и понатаму непознатиот убиец на најпознатата новинарка на Малта. Невладините организации, Институтот на малтешките новинари, лобистите за развој и политичките партии, меѓу првите објавија изјави во кои ја изразуваат својата вознемиреност поради бруталното убиство.

Премиерот Јозеф Мускат ги повтори зборовите кои ги изговори на конференцијата за новинари, пишувајќи на Твитер дека убиството е “напад на граѓаните и слободата на изразување“.

Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани изјави дека убиството е “трагичен пример на новинар кој го жртвувал својот живот поради вистината“.

Од одделението за слобода на медиумите OEBS, стигна порака дека се шокирани од убиството на Галиција. -Вакви работи се случуваат само во државите кои ги води мафијата – изјави Камел Какопардо, директор на „Алтернативна демократија“.

Нејзините претпоставени и малтешкиот независен издавач „Стандард издаваштво“ издадоа соопштение во кое убиството го нарекоа „закана за новинарството, демократијата и слободата на говорот“.

-Очекуваме ефикасен и силен одговор на државните институции за да се обезбеди дека сторителите ќе бидат уапсени и дека новинарите можат да се чувствуваат сигурно додека ја извршуваат својата работа во својата земја – порачаа од фондацијата „Страјкленд“.

Потсетуваме, новинарката Дафне Каруана Галиција (53), која спровела истрага за „Панамските документи“ во која беше откриена корупција на Малта, но и корупциски скандали ширум светот и вмешаност на политичари и високи претставници во офшор бизниси, убиена е синоќа во експлозија за бомба поставена пред нејзиниот автомобил “пежо 108“ во близина на нејзината куќа, пишува „Гардијан“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top