Европската унија е згрозена поради убиството на малтешката новинарка Дафне Каруна Галиција, изјави портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Шинас, при што побара одговорните да бидат изведени пред судот на правдата.
– Згрозени сме од фактот што познатата и почитувана малтешка новинарка Дафне Каруна Галиција вчера го загуби својот живот во очевидно планиран напад… ЕК и нејзиниот претседател Жан Клод-Јункер најостро го осудуваат нападот на новинарката која истражуваше случаи на корупција во блиското опкружување на премиерот на Малта, Џозеф Мускат,
истакна Шинас.
Тој нагласи дека „правото на новинарите да истражуваат, да поставуваат непријатни прашања и ефикасно да известуваат, е во фокусот на европските вредности и секогаш мора да биде загарантирано“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)