Туристите во Грција следното лето ги очекува непријатна вест – Грција воведува такса за престој на туристите.
Таксата ќе се пресметува како фиксен износ за еден ден по лице, во зависност од видот на сместувањето.
Ценовник на таксата за престој
4 евра дневно за хотели со пет ѕвезди
3 евра дневно за хотели со 4 ѕвезди
1,5 евро дневно за хотели со 3 ѕвезди
0,5 евра дневно за хотели со 1-2 ѕвезди
0,5 евра за приватни соби, студија и апартмани
Таксите ќе бидат вклучени во вкупната цена за престој и на гостите нема да им се наплаќа посебно.
Според пишувањата на порталот „Insider.gr“ Грција оваа такса ја смета за апсурдна, бидејќи туризмот е еден од ретките сектори на грчката економија кој ја издржа кризата. Грција веќе има најголеми даночни стапки за туристички услуги во споредба со останатите конкурентски медитерански земји. Турција применува најнизок степен на данок од 8 отсто, Кипар има данок од 9 проценти за сите хотелски услуги, а Италија и Шпанија применуваат данок од 10 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.