Младиот хипхоп-артист Дарко Иваноски, ака Даз Флоу од Скопје, кој во моментов е актуелен со песната „Енергија“, како вљубеник во природата и член на „Гоу Грин“ ја изработи песната „Приклучи се“, која повикува на одговорно однесување кон животната средина.
Инаку, „Гоу Грин“ е здружение кое работи на полето на младински активизам и животна средина. Најпрепознатливи се по кампањата „Гоу Клин“ за собирање отпадни батерии и проектот „Биди Зелен“ за потикнување на еколошката свест, за која се изработи песната на Слаткаристика и Тони Зен.
Овој пат станува збор за различен концепт на песна, но со слична цел – подигање на еколошката свест, но и за регрутација на нови членови во „Гоу Грин“ која ќе започне во Септември.
Покрај Даз Флоу, во изработката на песната се вклучија и Андреј Трајковски – Тракер кој беше задолжен за музиката и аранжманот, Тихомир Јакимовски – ТуТе ги изврши миксањето и продукцијата и Кристијан Делчевски – ДЈ К 105 со своите скреч способности. За дизајнот на сликата се погрижи Роберт Мишовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)