| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка на патот Ресен-Стење, возачот во кома

Дваесет и осум годишниот В.К. од селото Царев Двор е тешко повреден и во коматозна состојба хоспитализиран во битолската болница по сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне.

Од полицијата информираат дека околу 17:40 часот на патот Ресен-Стење, поточно на влезот во с.Царев Двор кај црквата „Св.Никола“, се случила сообраќајна незгода во која В.К. управувајќи „Голф 4“  изгубил контрола над автомобилот, при што излетал надвор од патот и удрил во железна ограда.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top