
Денеска јавноста беше сведок како изгледаат избори кога СДСМ ги организира истите, тоа што го гледавме во текот на целата изборна кампања го гледавме и денеска, истакна на прес-конференција Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ.
-Изборниот ден помина со бројни нерегуларности и кршење на државниот законик, се узурпираа државни ресурси, за да вршат притисок, се поткупуваа гласачи, а граѓани постојано се превезуваа на гласачките места, во Охрид се појавија гласачки ливчиња од општина Карпош, а полициски џипови со симпатизери на СДСМ кружеа низ повеќе градови. Требаше да бидеме среќни само што немаше жртви и повредени иако во текот на денот пристигнаа бројни нерегуларности. За сите овие нерегуларности се направени записници и ќе се информираат меѓународните претставници. Во моментов пристигнуваат резултатите од избирачките, потенцираше Србов.
Тој вели и дека граѓаните денеска беа сведоци и се уверија какви избори СДСМ можат да организираат. Направени се записници и истите ќе бидат доставени до сите меѓунардони институции.
Одговарајќи на новинарско прашање, Србов рече дека ВМРО-ДПМНЕ води убедливо во повеќе општини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


