Инцидентот се случи пред неколку дена, за време на дуелот меѓу Грција и Гибралтар, кој се играше во Атина. Грците победија со 4:0 и обезбедија место во баражот за пласман на СП 2018 година. И покрај тоа што требаа да навиваат за националната селекција, на трибините се случи тежок инцидент, во кој најдебелиот крај го извлече еден симпатизер на Панатинаикос.
Навивачот на ПАО беше облечен во зелен дрес со клупски бои на тимот за кој навива, а тоа воопшто не им се допадна на група фанови на Олимпијакос. Навивачите на овие два клуба од Атина се големи ривали, а овојпат тоа се докажа и на репрезентативен меч.
Фановите на Олимпијакос започнаа немилосрдно да го тепаат дечкото во зелен дрес, кој не знаеше каде да избега. Додека цело време го тепаа, се обидоа и на крајот успеаа да му го соблечат дресот. На крајот навивачот на ПАО спаси жива глава со тоа што успеа да скокне од трибината, на атлетската патека.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)