| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Граѓаните со својот глас ја заштитија демократијата во Република Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со сопругата Боркица денес го оствари своето право на глас.

-Сакам во оваа прилика да им се заблагодарам на сите граѓани кои денес излегоа да го остварат своето право на глас и со тој чин ја заштитија демократијата во Република Македонија и покажаа грижа за своите граѓани и своите општини. Сакам да се заблагодарам на сите граѓани и се надевам на едни успешни избори, односно избори кои ќе бидат најдобри за Република Македонија. Исто така, сакам да нотирам дека низ целиот изминат период имаше видливи нерегуларности и незаконитости низ целиот период на кампањата вклучително и денес, но за тоа ќе информираме кога ќе дојде време, рече Груевски по гласањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top