Капитенот на македонската машка ракометна репрезентација Кире Лазаров ја промовираше својата автобиографска книга„Седум“. Промоцијата ги собра на едно место сите репрезентативци, поранешни селектори и тренери на Лазаров, пријатели, новинари, дел од сегашното и поранешното раководство на Ракометната федерација на Македонија.
Меѓу пристутните беа неговата мајка Милка, брат му и соиграч во репрезентаицјата Филип, селекторите Иле Темелковски, Звонко Шундовски, Гино Стрезовски, актуелниот прв човек на РФМ Живко Мукаетов, поранешните претседатели на РФМ Трифун Костовски и Михајло Михајловски. Потпис и посвета за книгата „Седум“ побара и Индира Кастратовиќ, поранешната ракометарка, многу новинари, пријатели трпеливо чекаа потпис од леворакиот бомбардер.


Филип Лазаров, со девојката Билјана и со својата мајка Милка

Не може без стружани: репрезентативците Никола Маркоски и Златко Даскаловски

И Индира Кастратовиќ зеде книга со автограм од Лазаров

Голманот на репрезентацијата Борко Ристовски во разговор со Трифун Костовски
- Поранешниот прв човек на РФМ Трифун Костовски и директорот на ВИП, Никола Љушев

Промоцијата на „Седум“ ја следеа многумина јавни личности

Лазаров говори на промоцијата
фото: Игор Ангеловски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



