На 14.10.2017 година околу 23,15 часот на магистралниот пат А-3 Велес – Штип кај клучката за с.Каратманово, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Пежо 406“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.М.(33) од Струмица удрило во пешак Т.Ј.(57) од с.Мамутчево – Велес, при што истиот починал на лице место, а возачот не застанал туку продолжил кон Секторот за внатрешни работи – Велес, каде го пријавил случајот.
Увид извршила екипа од Полициската станица – Св.Николе, а по наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција. О.М. е приведен во полициска станица, а неговото возило се наоѓа во кругот на Секторот за внатрешни работи-Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.