| четврток, 6 декември 2018 |

Самостојна изложба на Сергеј Андреевски во галерија „Акантус“

Самостојната изложба на академскиот сликар Сергеј Андреевски со наслов„Танц на рацете“ ќе биде отворена денеска во галеријата „Акантус“ во Скопје.

На изложбата се поставени 40 дела што до сега не биле претставени пред скопската публика, а дел од нив се претходно изложувани во Берлин, Москва, Љубљана. Според Марина Лешкова, куратор на изложбата, во сликите целиот опус се нанижува во една логична нитка, матрица пренесена од неговите древни предци на македонското поднебје. Каде и да е тој е дома, сликите се неговиот дом. Изложбата ќе биде отворена до 10-ти декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top