| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија ја потресе Македонија-почина младо момче откако врз глава му падна статива

Бизарна трагедија ја потресе Македонија, кога вчера во 14. часот момче од Куманово почина во Скопје.

Полицијата информира дека во 17. часот примиле повик од Градската општа болница “8-ми Септември“ дека кај нив бил донесен 19-годишниот Б.С. од селото Ропалце – Куманово, кој во 14 часот и 30 минути  со приватно возило бил донесен со тешка повреда на главата.

Имено, околу 14.00 часот додека Б.С. бил на стадион во селото Сарај-Скопје, се фатил со рацете за стативата од голот, истата се скршила, Б.С. паднал, а врз неговата глава паднала стативата.

Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top