Бизарна трагедија ја потресе Македонија, кога вчера во 14. часот момче од Куманово почина во Скопје.
Полицијата информира дека во 17. часот примиле повик од Градската општа болница “8-ми Септември“ дека кај нив бил донесен 19-годишниот Б.С. од селото Ропалце – Куманово, кој во 14 часот и 30 минути со приватно возило бил донесен со тешка повреда на главата.
Имено, околу 14.00 часот додека Б.С. бил на стадион во селото Сарај-Скопје, се фатил со рацете за стативата од голот, истата се скршила, Б.С. паднал, а врз неговата глава паднала стативата.
Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.