Јелена Марјановиќ дефинитивно не е убиена во каналот на насипот во Борча на 2 април минатата година, туку нејзиното мртво тело таму е донесено и фрлено, покажува најновата форензичка реконструкција на убиството.
Оваа реконструкција ја извела група од најдобри српски форензичари. Се очекува резултатите од реконструкцијата наскоро да бидат и објавени.
На заклучокот дека Јелена не е убиена каде што е пронајдена, упатува фактот дека двете чорапи и долниот дел од трнерката и биле целосно чисти, што во случај на убиство на насипот би било невозможно со оглед на тоа дека теренот каде е пронајдено телото е каллив и со тиња.
Исто така на околувратникот на маицата која мртвата Јелена ја ималала на себе немало поголеми траги од крв и покрај тоа што задобила бројни удари во главата.
Форензичарите тврдат дека пејачката на Гранд на смрт е претепана на друго место, а потоа сосема веројатно е пресоблечена и фрлена на насипот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.