| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовта не познава граници – 54 години среќна врска (видео)

starpar_14062013_screenСтраницата „Freedom to Marry“, која се залага за правата на хомосексуалците, објави видео од Вилијам Кембел и Џон Хилтон, во кое среќната двојка зборува за својата 54-годишна врска.

Вил и Џон својата врска ја почнале во 1957  година, малку пред Хилтон да биде испратен во Европа. За да си ја олеснат раздвоеноста, Кембел често му пишувал писма, а кога Хилтон се вратил и почнал со работа и посета на вечерно училиште, неговиот партнер се грижел за готвењето и останатите домаќински работи.

-Кога бев пред крај со школувањето, му реков на Вил дека никогаш веќе во животот нема да има потреба да пере алишта. Тоа беше во 1971 година и оттогаш се придржувам на тоа ветување – вели Џон.

Откако Кембел заболел од Паркинсова болест, Хилтон се грижи за него, а на шега вели дека тоа е „наплата“ за сите години во кои Вилијам се грижел за него. За жал, Кембел умира во 2011 година, нешто помалку од два месеци пред да се легализираат истополовите бракови во Њујорк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top