| четврток, 6 декември 2018 |

МВР по наредба на СДСМ непотребно затвара улици – сакаат да предизвикаат револт кај граѓаните

СДСМ е во паника од огромниот одѕив на митингот и од поддршката што ја даваат граѓаните за ВМРО-ДПМНЕ и се обидуваат на секаков начин да испровоцира негативни реакции или какво било нарушување на јавниот ред и мир.

Инаку ваквата наредба е дадена од партиските функционери на СДСМ кои се исплашија од информациите дека десетици илјади граѓани се упатуваат на завршниот митинг на Коалицијата за подобра Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ вечерва пред Владата на Македонија се очекува да одржи централен завршен митинг пред граѓаните на Скопје во пресрет на локалните избори кои ќе се одржат во Недела на 15 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top