| четврток, 6 декември 2018 |

Ценовник за дрога на ѕид на детска градинка

Ѕидот на детската градинка „Златен бор“ во земунската населба Калварија е прекриен со графити со цени на наркотици.

Преку целиот ѕид, непосредно до влезот на градинката каде што секојдневно минуваат стотина деца со своите родители, се појави комплетен ценовник за корисниците на опијати. Во ценовникот можат да се најдат секакви видови наркотици, од екстази, сканк, спид, ЛСД, „бело“, кои се нудат по цена од 70 до 100 евра.

„Без оглед што децата не знаат за што се работи, не е пријатно да ја гледаме градинката со вакви графити“, вели еден од родител кој го носи своето дете во оваа градинка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top