Фондацијата Трајче Мукаетов објави конкурс за стипендирање на 20 студенти од Фармацевтскиот факултет и на 20 студенти по медицина.
Условите што треба да ги исполнат кандидатите се: да се редовни студенти на Факултетот по фармација на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје во трета или четврта година од студии; во текот на студиите да постигнале најмалку 8 (осум) просечен успех; да не повторувале година во текот на студирањето; да се државјани на Република Македонија и да имаат неопходна потреба од финансиски средства за поддршка на студирањето. Потребни документи за аплицирање се: молба; кратко CV; потврда за редовно запишан петти или седми семестар за учебната 2017/2018 година; уверение за државјанство на Република Македонија; фотокопија од прва страна на индекс; уверение за положени испити и постигнат успех и документи што ја потврдуваат потребата од финансиски средства за поддршка на студирањето. Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса: Фондација Трајче Мукаетов – Скопје, Булевар: Александар Македонски бр.12 1000 Скопје.
Документите се поднесуваат од 12.10.2017 година до 24.10.2017 година исклучиво по пошта. Висината на стипендијата ќе изнесува 6.500 денари месечно (нето износ). Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат. За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.
Фондацијата, исто така, објави конкурс за стипендирање на 20 студенти по медицина. Услови што треба да се исполнат се: кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по медицина на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје во трета или четврта година од студии; во текот на студиите да постигнале најмалку 8(осум) просечен успех; да не повторувале година во текот на студирањето; да се државјани на Република Македонија и да имаат неопходна потреба од финансиски средства за поддршка на студирањето.
Потребни документи за аплицирање: молба; кратко CV; потврда за редовно запишан петти или седми семестар за учебната 2017/2018 година; уверение за државјанство на Република Македонија; фотокопија од прва страна на индекс; уверение за положени испити и постигнат успех и документи кои ја потврдуваат потребата од финансиски средства за поддршка на студирањето. Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса: Фондација Трајче Мукаетов – Скопје Булевар: Александар Македонски бр.12, 1000 Скопје. Документите се поднесуваат од 12.10.2017 година до 24.10.2017 година исклучиво по пошта. Висината на стипендијата ќе изнесува 6.500 денари месечно (нето износ). Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат.
За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.