Бескрупулозниот Сорос, познат по тоа дека не жали пари за организирање хаос и предизвикување револуции во источна Европе, човекот кој ги предизивка војнните во Украина и во Либија и кому му е строго забранета работа во Русија и во Кина, практично ја спушти шепата и на голем дел од општествениот живот во Србија.
Иако списокот со имиња е веќе објавен од медиумите во Србија, засега никој од повиканите не сака да зборива за милионите на Сорос, а не се огласиле ниту државни официјални лица.
Од друга страна, соговорниците на Информер едногласно оценуваат дека Србија се наоѓа во критична ситуација, зашто моќниот американски милијардер на својот платен список има многу важни структури во земјата.
Лидер СРС, Воислав Шешељ, истакнува дека и без овие документи јасно е дека влијанието на Сорос во Србија е огромно, а сега има и доказ „црно на бело“.
– Не само што е огромно, туку влијаниоето на Сорос е и многу опасно. За жал, тој не е едиствен. Дури и специјалниот обвинител за воени злосторства одеше на консултации кај американскиот амбасадор. Издупени сме од сите страни… На сите државни функционери, обвинители и судии кои се финансирани од странци треба да им се забрани да работат и да им се поделат откази. Не може да работат за државата, а да ги плаќаат странци. Мораме конечно да се угледаме на Русија, каде што сите НВО и параполитички организации ко се финансираат со странски пари регистирани се како странски агенти – апелира Шешељ.
Куќата му е сега многу поубава
Поранешниот шеф на дипломатијата Живадин Јовановиќ вели дека Сорос и системот на ширење на американската пропаганда, на која ѝ прпаѓа, е всушност претходница на Западот во покоривањето на Истокот.
– Сорос нема индивидуални интереси, туку ги финансира само оние организации кои се на лнија на американските интереси. Многу е моќен и дел е од системот во САД кој преку концептот „софт пауер“ (концепт на ширењевлијание без употреба на сила) го шири американското, но и влијанието на мултинационалниот корпоративен капитал.
Освен тоа, се занимаваат со менување на свеста на цели нации. кои треба да ги отфрлат своите нацонални вредности и да ги прфатат американските.
Го прават, значи, сето она што некогаш, во времето на Студента војна, го правеше ЦИА – вели Јовановиќ и додава дека во стара Југославија Сорос бил забранет како што е денес во Русија и во Кина.
– По 2000 г., за жал, тој се врати на голема врата, и стана клучен чинител во т.н. демократизација на Србија. Ги финансира ДОС и многу медиуми, сите оние кои денеска се претставуваат дека се демек слободни, независни и отворени – објаснува Јовановиќ.
Новинарот и публицист Никола Врзиќ смета дека со откривањето на Соросовите документи хакерите ѝ направиле голема услуга на Србија, зашто досега тоа финансирање било главно нетранспарентно.
– Мрежата поединци и организации кои ги финансира Сорос во Србија е прилично голема и нетранспарентна. Затоа можеме само да нагодуваме колкаво е неговото вистинско влијание. Загрижува тоа што Сорос го финансира дури и Друштвото на судии на Србија и Здружението на јавни обвинители на Србија! Па што би било кага таквите здруженија во САД би можело да ги финансира некој контроверзен руски тајкун, прашува Врзиќ.
Дивац молчи за милионите
Мешу оние кои добија пари од Сорос посебно внимание привлекува Фондацијата „Ана и Владе Дивац“ на славниот кошаркар и актуелен претседател на Олимпискиот комитет на Србија.
Српските новинари со денови се обидуваат да добијат коментар од Дивац и од неговата сопруга во врска со фактот дека Сорос им донирал 2.633.638 динари (21.765 евра). Меѓутоа, тие упорно ги игнорираат повиците и пораките и уживаат на ОИ во Рио де Жанеиро.
Фондацијата на Миќуновиќ добила 1.280.100 динари!
На листата платеници на Сорос во Србија е и Фондацијата „Центар за демократија“, на чиешто чело се наоѓа претседателот на Политичкиот совет на ДС Драгољуб Миќуновиќ и потпретседателката на демократите Наташа Вучковиќ! За два проекти „Да ја запреме корупцијата“ во 2013 г. и 2014 г. добили 1.280.100 динари (10.579 евра).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.