„Светот беше мрачeн пред јас да победам – немаше надеж. Сега вредноста на пазарот порасна за речиси 10 отсто и потрошувачката за Божик изнесува повеќе од трилиони (илјада милијарди) долари“ напиша Трамп на „Твитер“.
Во два одвоени пораки тврди дека во својата добротворна фондација дал „милиони долари, а таа собрала уште милиони, а се тоа е дадено во добротворни цели, а медиумите за тоа не сакаат да известат!“, како и дека неговата фондација „за разлика од бројни фондации, не плаќа надомест, изнајмување простор, плати, ниту какви било трошоци. 100 отсто парите одат во добротворни цели!“
Трамп во саботата изјави дека има намера да ја затвори својата контроверзна филантропска фондација за да би избегнал каков било судир на интереси за време на претседателскиот мандат.
Трамповата добротворна фондација се најде под засилено внимание и истрага на њујоршкиот обвинител заради повеќе прашања, вклучително и тоа колку пари тој точно ѝ дал. Неговите критичари тврдат дека е невозможно тој да биде претседател, а да не се најде во судир на интереси доколку во целост не би се одвоил од сите свои добротворни активности и деловни интереси.
„Фондацијата стори огромни добри дела низ годините и со милиони долари придонесе за безброј групи, вклучувајќи ветерани, припадници на полицијата и деца“, изјави Трамп.
Тој додава дека, сепак, одлучил своите филантропски цели да ги исполни на друг начин како би избегнал било каков конфликт на интереси додека ја исполнува должноста претседател на САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.