Во скопско село Арачиново, вчера во 22:20 часот А.И. пријавил дека додека Ф.З. (22) од село Арачиново и други лица активисти на политичката партија „БЕСА“ лепеле плакати, во нивна близина застанало патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, во кое имало непознато лице кое го отворило прозорецот и од огнено оружје испукало еден куршум во воздух, по што заминало во непознат правец.
По дваесетина минути, пријавителот и останатите активисти се вратиле на местото на настанот и успеале да најдат една чаура, која ја однеле во Полициското одделение Арачиново.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.