| четврток, 6 декември 2018 |

Трајановски: Реконструкција на вториот дел од Градскиот парк

Реконструкцијата на постоечките и подигнувањето на нови зелен површини и паркови во Скопје е еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ за наредните четири години, изјави денеска кандидатот за градоначалник Коце Трајановски.Според него, еден од најголемите предвидени проекти е реконструкцијата на вториот дел од Градскиот парк.

– По скоро 50 години и првпат од неговата изградба предвидуваме целосна реконструкција на вториот дел од Градскиот Парк. Со овој проект е предвидено поставување ново зеленило, хидрантска мрежа и осветлување, како и садење нови 5.000 дрвја. Со овој мега проект ќе се изврши и обновување на постоечките мостови и патеки, ќе се исчистат езерцата и каналите, ќе се постави нова урбана опрема и реквизити за деца, како и нови јавни тоалети, ифнормира Трајановски.

Реализацијата на овој мега проект, додаде, ќе биде во повеќе фази и ќе чини неколку милиони евра.

Трајановски напомена дека изминатите осум години во Скопје се подигнати над 350.000 метри квадратни нови паркови и зелени површини.

– Во наредните четири години се планира подигнување над 500.000 метри квадратни нови зеленило и паркови, најави Трајановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top