Во домот на Бекамови нема чипс и кекси. Нивните деца јадат здрави грицки и сос од соја. Нутриционистите оценуваат дали и колку тоа навистина е здраво.
На инстраграм Викторија Бекам се пофали со фотографија на која се гледа дел од храната со која таа ги храни своите деца. Мешудругото, има и мешавина од житарки и едно шише безглутенски сос од соја.
– Житарки со органски сос од сога. Кога се многу добро испечени, крцкаат! Одлична ужинка по часовите во училиштето. Добро е и за мама – напиша Викторија Бекам.
Мислењата на нутриционистите се поделени. Некои сметаат дека таа ги изгледнува децата, а други пак велат дека тој сос не е ништо посебно.
– Има премногу минерали и аминокиселини, но тоа не е ништо посебно – сметаат дел од нутриционистите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.