| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту црната кампања нема да му помогне на СДСМ, Шилегов ќе биде убедливо поразен

„Срамно и лицемерно е што СДС и Дамјан Манчевски  ја  злоупотребуваат загубата на човечките животи во катастрофалните поплави кои се случија минатата година, со евтини манипулации и црна изборна кампања, надевајќи се  дека ако кажат некоја лага и оцрнат некого, со тоа ќе добијат некој глас повеќе кај граѓаните на претстојните локални избори“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на социјадемократот Дамјан Манчевски.

Од партијата велат дека соочени од се поочигледниот пораз кој ќе им се случи на нивниот кандидат за градоначалник Петре Шилегов на 15 октомври, во паника, очај и отсуство на реална програма и конкретни проекти кои можат да им ги понудат на скопјани,  СДСМ секојдневно води црна изборна кампања, надевајќи се дека тоа ќе им ја донесе победата во Скопје.

„Ниедна лага и црна кампања, нема  да  го смени мислењето на граѓаните.Зад Коце Трајановски како градоначалник на Скопје стојат многубројни реализирани проекти и многу работа и граѓаните го гледаат и вреднуваат тоа. Скопјани на 15-ти октомври ќе ја направат разликата. Скопјани ќе гласаат за реализирани проекти, за работа за  дела ,а не за празни ветувања и безочни лаги. СДС и нивниот кандидат за градоначалник Петре Шилегов, на овие локални избори ќе бидат убедливо поразени“, се додава во реакцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top