| четврток, 6 декември 2018 |

Кјелини го скрши отпорот на Македонија, Италија води на полувремето (ВИДЕО)

Полувреме на средбата во Торино, нашите сениори имаат минимална негатива по првите 45 минути игра.
Mакедонска фудбалска репрезентација има минимална негатива на гостувањето кај Италија по првите 45 минути игра во дуелот од деветтото коло од квалификациите за Светското првенство во Русија 2018.

Италија тргна мошне офанзивно во дуелот со Македонија, а првата посериозна шанса ја имаше уште во 7. минута од средбата во Торино.

Сепак, одлична и пред се’ рефлексна реакција имаше нашиот голман Димитриевски кој спаси негатива за нашиот состав во оваа ситуација при шансата на Инсиње која дојде по една одлична акција на домаќините.

Првата шанса за нашиот состав дојде од капитенот Пандев кој во 17. минута речиси сам си ја создаде таа прилика, но неговиот удар беше одбранет од Буфон кој се најде на вистинското место на голот.

Инсиње повторно дојде до шанса за погодок, и тоа доби употреблива топка во казнениот простор на нашата селекција, но неговиот удар со глава беше лесен плен за Димитриевски од оваа ситуација во 35. минута.

Само две минути подоцна Ѕапакоста упати нова закана кон нашиот гол, но фудбалерот на Челси беше неприсебен во неговиот обид кој заврши далеку над голот.

Италија продолжи со атак, а голот дојде по една одлична акција во која асистент беше Имобиле а реализатор Кјелини кој во 40. минута ја доведе својата репрезентација во почетно водство на мечот, а не му беше тешко да ја смести топката во мрежата од нашиот гол откако доби чиста шанса за такво нешто.

Македонија: Димитриовски, Ристовски, Муслиу, Велкоски, Радески, Спировски, Барди, Алиоски, Пандев, Несторовски и Хасани.

Мечот во Торино го суди португалскиот арбитар Тијаго Мартинс.

 

извор 24 фудбал

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top