| четврток, 6 декември 2018 |

Го запознала на интернет и отишла на состанок-после ова селфи, следел монструозен чин!

Олга, самохрана мајка на две деца запознала маж преку интернет и запловила во врска со него. Ја одвел на романтичен излет од кој никогаш не се вратила.

Олга Емељанова (30) од Русија мислила дека после разводот низ кој неодамна минала, конечно пронашла маж за себе. Во прашање е Расим Садиков (30), кој ја извел Олга на состанок.

Одушевената Олга, не насетувајќи што и се подготвува, на брат и му испратила селфи.

-Се возам некаде-напишала таа.

-Во некој шума-прашал брат и, а таа му пишала Да со смајли.

Меѓутоа излет немало. Расим ја задавил со најлонска кеса и потоа го скрил нејзиното тело во грмушките. Шест дена подоцна, нејзиното тело е проднајдено. Мотив за убиството, според полицијата, е одбивањето секс со него.

Расим пак, направил се за да го сокрие монструозното злосторство. Ги сокрил телото и доказите, па дури и се преселил во друг град. Немало ниту еден сведок. Меѓутоа заборавил на селфито кое Олга го направила. Откако Олга не се јавувала на повиците, нејзиното семејство ја алармирало полицијата.

Олга зад себе ги остави двете деца, Денис(10) и Кристина(3), кои сега му припаднаа на нејзиниот поранешен сопруг, а на Расим му се заканува 15 години затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top