| четврток, 6 декември 2018 |

Мува не го лази – Рашковски го крши законот и нема намера да се откаже од управниот одбор на Телеком

Генералниот секретар на владата, Драги Рашковски не се повлекува од управниот одбор на Телеком, во кој се назначи самиот, иако тоа претставува кршење на Законот за спречување на судир на интереси.

Од опозицискаа ВМРО-ДПМНЕ, неколку дена по ред потсетуваат дека членувањето на Рашковски во управен одбор е против законско, но од негова страна нема никаква реакција.

-Однесувањето на Рашковски е неморално и незаконско бидејќи според член 18 од Законот за спречување на судир на интереси, Генералниот секретар не може да биде член на управен или надзорен орган во трговско друштво, јавни претпријатија, агенции, фондови, но и сите други организациони облици со доминантен државен капитал, вели Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

За секое присуство на седница на собранието на акционери, во кое Рашковски сам се назначи, тој ќе добива по 500 евра, а му следуваат и службен телефон со неограничен лимит, компјутери, користење на службено возило на негово барање.

Во истовреме, бабата на Драги Рашковски, Елена Начевска беше именувана  во второстепената владина комисија, а неговиот кум, адвокатот Дејан Костиќ ја застапува владата и од тоа заработува многу.

-Република Македонија не е ничија приватна сопственост и Рашковски заедно со Заев не можат да се однесуваат кон државата како кон колач кој ќе го поделат неколку фамилии од власта. Ова нема да трае долго. СДС нема да биде долго на власт. Потребна е оставка сега и веднаш. – нагласвжуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај серијата на сериозни обвинувања против него, Рашковски не се повлекува од позицијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top