| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ реагира: МОН да не се изживува врз децата

novinarski tekstКој им дал право на надлежните од Министерството за образование да се изживуваат со судбините на учениците и нивните семејства – запраша денеска опозиционата СДСМ, реагирајќи на како што велат, техничка нефункционалност на системот кога половина од предвидените прашања за тестирање се погрешни и за ваквата „техничката грешка“ учениците од 7-мите одделенија, тестирани по предметот „Етика“ на 10-ти јуни, сега повторно ќе бидат малтретирани и ќе се тестираат на 17-ти јуни.

„Бидејќи термините за дополнително екстерно тестирање се предвидени во текот на јуни и август, коректно е ВМРО-ДПМНЕ да им соопшти на над 200.000 семејства во Македонија дека ова лето треба да заборават на годишните одмори. Дали е процедурална неефикасност на системот кога наместо добиениот предмет за полагање, на пример предметот природни науки во 5 одд, учениците сега ќе треба да полагаат друг предмет, Македонски јазик? Ова им се случува на учениците кои заради оправдано отсуство не полагаа во редовниот термин на 6-ти јуни и сега имаат термин за преполагање  на 19-ти јуни на друг предмет!!!Овде станува збор за стрес и притисок врз ученици кои имаат само 9 години. Каква нефункционалност на системот е хаосот што им се прави на родителите и на децата осмодделенци на кои им беше најавено дека резултатите од екстерното тестирање ќе ги добијат на 11-ти јуни, заради изработка на свидетелствата за упис во средните училишта, а тоа се уште не е направено“, се вели во писменото соопштение на СДСМ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top