Дубаи е најпознатиот град на Обединетите Арапски Емирати и популарна туристичка дестинација во светот.Неговиот сегашен емир Мохамед бин Рашид ал-Мактум вели дека Дубаи ќе биде град на иднината.
Центарот, кој го обележува „Бурџ Калифа“, настанал пред шест години, а тоа е комплекс на деловни и станбени објекти и облакодери. „Бурџ Калифа“ е висок 828 метри и е највисокиот облакодер во светот. Неговата изградба почнала во 2004 година, а облакодерот бил отворен во 2010 година. На него работеле 35.000 работници.
До најголемиот облакодер е изграден најголемиот трговски центар во светот – „Дубаи мол“, кој се протега на повеќе од 502.000 квадратни метри и има 1.200 продавници. Тука можат да се најдат сите можни дизајнерски продавници. Во самиот центар се наоѓа вештачко езеро со голема фонтана. Но емирот Мохамед бин Рашид ал-Мактоум не сака да застане тука, па така Дубаи ќе добие уште поголем шопинг-центар и уште повисок облакодер.
Мохамед бин Рашид ал-Мактоум, за разлика од другите блискоисточни шеици, е доста отворен кон народот. Неговата палата во Дубаи може да се фотографира. Често се случува емирот да дојде до посетителите и да ги поздрави. Во Дубаи, заедно со емирот, главен збор имаат уште пет семејства, а овој емир не е толку строг во спроведувањето на шеријатскиот закон. Алкохолот се сервира во ресторани и во барови, жените се доста еманципирани, работат, возат автомобили и не се инсистира строго одвојување од мажите на јавни места.
Соодветно со раскошот што го овозможува Дубаи, и метрото нуди можност за луксузен превоз за сите оние што сакаат да платат повеќе, па така постои „голд класа“, во која седиштата се значително поудобни. Горивото е доста евтино. Освен евтиниот јавен превоз, кој може да го користат сите жители на Дубаи, за домашното население властите се грижат уште повеќе, па така секој жител – државјанин на Дубаи што не може да си дозволи, добива бесплатна куќа од емирот.
извор: Факултети.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагедија во Скопје: Маж пронајден мртов во куќа
-
Митровски: Државата овозможува мултимилионски бизнис со канабис, а граѓаните ги гони како криминалци
-
Кралицата Елизабета им подари луксузна куќа на Меган и Хари
-
Кралицата ги иселува Меган Маркл и принцот Хари од палатата: Глумицата бесна поради одлуката!? (видео)