Лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, на денешната прес-конференција изјави дека постои обид да се прикрие вчерашниот инцидент во општина Шуто Оризари во кој беше повреден неговиот син и кандидат за градоначалник Елвис Бајрам и уште еден член на партијата, бидејќи не се соопштуваат сите детали за тепачката, а не бил информиран ниту Јавниот обвинител, иако тоа е законска обврска.
Според него, двајцата биле нападните при вршење на редовни активности на посета на изборните штабови на партијата од страна на лица кои, како што вели, биле познати на полицијата и изнајмени од партијата на Неждет Мустафа, која е во коалиција со СДСМ.
При тоа, додаде, не се работи за вербален инцидент што прераснал во тепачка, туку за обид за убиство, затоа што во нападот биле користени метална шипка и секири.
Тој и забележува на полицијата оти место да изврши увид на местото на инцидентот, ја обезбедувала болницата, каде вели се до денеска во 14 часот не му било дозволено да го посети повредениот Елвис. Во однос на учесниците во тепачката, нагласи дека полицијата не ги привела инволвираните, туку тие биле донесени во полицската станица од страна на Неждет Мустафа и нивниот пратеник Курто Дудуш, што според него, говори за нивна поврзаност, но и за притисок врз полицијата .
– Јавниот обвинител не бил известен за настанот што асоцира дека нешто сака да се прикрие и да му се даде друга димензија. Згора на тоа станува збор за изборен процес и на делото треба да му се даде друга тежина. Не се работи за тепачка туку за изборен инцидент, рече Ибрахим Ибрахими од Сојузот на Ромите.
Од партијата го повикаа и министерот за внатрешни работи да го расчисти настанот.
МВР претходно денеска соопшти дека пет лица се идентификувани и повикани на разговор во полицијата за вчерашната физичка пресметка помеѓу повеќе лица што се случи на ул. Гвадалахара, во Шуто Оризари. Воедно, од Министерството за внатрешни работи најостро ги осудуваат сите облици на насилство, а особено во текот на изборната кампања.
Брутална партизација на државата: Членската на СДСМ ќе стане втора лична карта
Изборната кампања на СДСМ засега се одвива во духот на канибалската политика што ја промовира Заев, а кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари од оваа партија, како и шефот на партијата, кој се закануваше дека ќе јаде живи луѓе, вети дека кога ќе дојде на власт ќе ги смени сите, од директор до чистачка, и на нивното место ќе донесе свои партиски луѓе, им објасни на жителите на Шутка зошто е многу важно да станат членови на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)