| четврток, 6 декември 2018 |

Рамос: Му реков на Пике да не се меша

Фудбалерот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, се огласи за ситуацијата во репрезентацијата и свирежите од публиката упатени кон Пике на вчерашниот тренинг.

Фудбалерот на Барселона кој јавно ја поддржа независноста на Катанија беше навредуван и исвиркуван и од него беше побарано да ја напушти шпанската репрезентација.

– Уште од поодамна му реков да не се меша во сето тоа. Не ме послуша, а сега се чуди зошто му свират. Секако дека ќе му дадеме поддршка, но морам да признам дека не ме изненади тоа што се случи на тренинг. Се надевам дека во иднина попаметно ќе постапува, изјави Рамос.

Шпанија ја на 6 и 9 октомври ја очекуваат натпревари со Албанија и Израел во квалификациите за СП 2018.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top